ТЕТОВИРАЊЕ, РАБОТИЛНИЦИ И МУЗИКА – Скопје го пречекува „Уметничка република“
Посетителите ќе можат да се запознаат со тату мајсторите и да учествуваат во работилници

На 14 и 15 март, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, ќе се одржи првата регионална конвенција за тетовирање под називот „Уметничка република“. Настанот ќе собере околу 150 тату мајстори кои ќе презентираат различни стилови и техники на тетовирање.
Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со мајсторите, да учествуваат во работилници и да ги видат најновите трендови во тетовирањето. Конвенцијата ќе вклучува и натпревари, со доделување награди во повеќе категории. Организаторите, „Скопје Тату Шоу“ и белградската „Уметност на големото срце“, најавуваат и богата музичка програма.
Целта на организаторите е настанот да прерасне во традиција. Слични настани веќе се одржале во Скопје во изминатите години, на пример, во октомври 2024 на „Скопје Тату Фест“ повеќе од 50 тату мајстори од 15 земји тетовираа во живо.


