ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ОХРИД загина едно лице, друго тешко повредено
Возилото, според очевидци, изгубило контрола, преминало преку кружниот тек и излетало на спротивната страна, каде ги прегазило пешаците и удрило во ограда.

Сериозна сообраќајна несреќа се случи синоќа на кружниот тек на булеварот Туристичка во Охрид, каде патничко возило марка „Голф“ удри во двајца пешаци. Според првични информации од полицијата, едно лице починало на самото место, додека другото со тешки повреди било пренесено во болницата „Св. Еразмо“.
Неофицијално, станува збор за брачен пар кој во моментот на несреќата се наоѓал на пешачката патека. Возилото, според очевидци, изгубило контрола, преминало преку кружниот тек и излетало на спротивната страна, каде ги прегазило пешаците и удрило во ограда.
Полицијата изврши увид на местото и истрагата за причините продолжува. Надлежните најавуваат повеќе детали во текот на денот.


