„ТЕШКА ПОВРЕДА НА УГЛЕДОТ НА СУДСТВОТО“ – Разрешен апелацискиот судија Енвер Беџети

Во образложението се посочува сериозна повреда на јавниот ред и мир, недолично однесување и нарушување на угледот на судството.

„ТЕШКА ПОВРЕДА НА УГЛЕДОТ НА СУДСТВОТО“ – Разрешен апелацискиот судија Енвер Беџети

Судскиот совет донесе одлука за разрешување на судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети, поради потешка дисциплинска повреда што, како што се наведува, го прави недостоен за вршење на функцијата.

Во образложението се посочува сериозна повреда на јавниот ред и мир, недолично однесување и нарушување на угледот на судството. „Кога е вака нарушен угледот, судијата повеќе не може да суди, бидејќи довербата е целосно изгубена,“ наведува Советот.

Беџети, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, беше ставен на црната листа на САД под обвиненија за мито и одолговлекување предмети поврзани со ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

CATEGORIES
Share This