ТЕШКА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО РУСИЈА: Загинаа сите 49 патници и членови на екипажот

Патнички авион од типот „Антонов Ан-24“ се урна во далечниот исток на Русија, при што трагично загинаа сите 49 лица кои се наоѓале на летот, соопштија руските служби за итни случаи.

ТЕШКА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО РУСИЈА: Загинаа сите 49 патници и членови на екипажот

Според информациите, остатоците од авионот, кој при падот се запалил, биле забележани од воздух со хеликоптер. Спасувачките екипи веднаш се упатиле кон местото на несреќата, но за жал, немало преживеани.

Судбоносниот лет бил во сопственост на сибирската авиокомпанија „Ангара“ и исчезнал од радар додека се приближувал кон градот Тинди, во регионот Амур, кој се граничи со Кина.

Регионалниот гувернер Василиј Орлов изјави дека во авионот имало 43 патници, меѓу кои и пет деца, како и шест членови на екипажот. Авионот бил стар речиси 50 години и потекнува од советската ера, што дополнително ја покренува загриженоста за безбедноста на старите летала што сè уште се користат во руската авијација.

Властите најавија дека веднаш ќе започне официјална истрага за причините за несреќата, а јавноста бара одговори и ревизија на воздушната безбедност во регионот.

CATEGORIES
TAGS
Share This