ТЕРОРИЗАМ ИЛИ КРИМИНАЛ Жена загина при обид да постави бомба пред банка

Полицијата соопшти дека загинатата жена им била позната од порано поради нејзино учество во серија вооружени грабежи. Се истражува дали имала врски со радикални левичарски групи активни во Грција.

ТЕРОРИЗАМ ИЛИ КРИМИНАЛ Жена загина при обид да постави бомба пред банка

Жена на возраст од 38 години загина утрово при експлозија на бомба во центарот на Солун, информира грчката полиција. Според првичните информации, жената ја носела експлозивната направа со намера да ја постави пред банка, но бомбата активирала предвреме и експлодирала додека сè уште била во нејзините раце.

Инцидентот се случил околу 6 часот наутро, на прометна улица во близина на финансиска институција. Од експлозијата се оштетени неколку излози и возила, но нема други повредени.

Полицијата соопшти дека загинатата жена им била позната од порано поради нејзино учество во серија вооружени грабежи. Се истражува дали имала врски со радикални левичарски групи активни во Грција.

„Сè уште е рано за конечни заклучоци, но сите индиции упатуваат на тоа дека станува збор за обид за терористички напад“, изјави портпаролот на грчката полиција. „Истражуваме дали имала соработници и дали инцидентот е дел од поширока мрежа на насилни активности.“

Очевидци велат дека експлозијата била силна и предизвикала паника меѓу минувачите.

„Одеднаш слушнавме силен удар, прозорците се затресоа. Излеговме надвор и видовме чад и делови од автомобил расфрлани по улицата“, изјави за медиумите жител на областа.

Полицијата анализира снимки од безбедносните камери и собира дополнителни докази од местото на настанот. Истрагата продолжува.

CATEGORIES
Share This