ТЕО ЕРНАДЕС ГО НАПУШТИ МИЛАН – нова ера во Ал-Хилал и нов рекорден договор

ТЕО ЕРНАДЕС ГО НАПУШТИ МИЛАН – нова ера во Ал-Хилал и нов рекорден договор

Тео Ернандес, еден од најдобрите леви бекови на последната деценија, официјално го напушти Милан и потпиша договор со саудискиот гигант Ал-Хилал. По шест сезони минати на „Сан Сиро“, францускиот репрезентативец ја прифати богатата понуда и се пресели во Саудиска Арабија.

Милан ќе инкасира 20 милиони евра плус бонуси, додека Ернандес, според информациите, ќе заработува најмалку 22 милиони евра годишно – значително зголемување во однос на досегашниот договор.

Трансферот означува крај на една значајна ера за Милан. Тео Ернандес пристигна од Реал Мадрид во 2019 година и брзо се етаблираше како еден од носителите на тимот. Во „росонерскиот“ дрес одигра вкупно 262 натпревари, постигна 34 голови и запиша 45 асистенции – бројки што го потврдуваат неговиот статус како модерен, офанзивен бек од светска класа.

Со доаѓањето на Ернандес, тренерот на Ал-Хилал, Симоне Инзаги, добива врвен засилување во клучна линија на тимот, што дополнително го засилува проектот на клубот да стане апсолутен доминатор во регионалниот и азискиот фудбал.

Преминот на Тео Ернандес во Ал-Хилал е само уште еден доказ за трансфер-експанзијата на клубовите од Саудиска Арабија и нивната стратегија да привлечат елитни европски фудбалери со рекордни договори.

CATEGORIES
Share This