ТЕМПЕРАТУРИТЕ РАСТАТ – До 36 степени во наредните денови
Во деновите што следуваат, не очекува период на стабилно и натпросечно топло време, налик на вистинско лето.

Денес не очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Најниска утринска температура се очекува во Маврово, каде термометарите ќе покажат до 6 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во Скопје и Гевгелија, каде дневните температури ќе достигнат до 30 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а утринската температура ќе се спушти до 12 степени Целзиусови.
Во деновите што следуваат, не очекува период на стабилно и натпросечно топло време, налик на вистинско лето. Температурите на воздухот ќе бележат значителен пораст и на места ќе достигнат и до 36 степени.


