ТЕХНОЛОШКИОТ ГИГАНТ AVLIO ИНВЕСТИРА ВО БИТОЛА – Дигитализација и нови можности за млади кадри

Компанијата ќе помага на локални фирми во дигитализација и автоматизација на работењето

ТЕХНОЛОШКИОТ ГИГАНТ AVLIO ИНВЕСТИРА ВО БИТОЛА – Дигитализација и нови можности за млади кадри
Фото: Принтскрин

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, се сретна со претставници на норвешката технолошка компанија „Avilo Group“, која неодамна отвори претставништво во градот.

На средбата присуствуваа извршниот директор и основач на компанијата, Стеинар Мек Шејн Ериксен, како и локалните претставници на „Avilo“ во Македонија. Тие ја презентираа работата и визијата на компанијата, нагласувајќи ја причината за изборот на Битола – квалитетните млади кадри и потенцијалот за долгорочен раст.

„Avilo Group“ ќе соработува со локални компании од Битола и од целата земја, помагајќи им во дигитализација и автоматизација на работењето, користејќи искуство стекнато на норвешкиот и меѓународниот пазар.

„Веруваме дека младите се двигатели на иднината, а Битола е вистинскиот град за инвестирање и градење стабилни партнерства“, истакнаа од компанијата.

Градоначалникот Коњановски оцени дека средбата е значаен чекор за унапредување на соработката меѓу локалната власт и странските компании со интерес за развој во Битола.

CATEGORIES
Share This