ТАЖНА ВЕСТ – Почина Кире Ѓоргиевски осуден за 27 април
Случајот повторно го актуализира прашањето за казните и одговорноста за настаните од 27 април.

Фото: Принтскрин
Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните од 27 април, почина во Казнено-поправниот дом „Затвор Штип“. Ова го потврди Дејан Здравков, директор на затворот.
Тој истакна дека во моментов не можат да споделат повеќе детали, бидејќи чекаат насоки од Основното јавно обвинителство.
Ѓорѓиевски беше осуден на 13 години затвор.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


