ТАТКО ЛИДЕР НА ПАРТИЈА, СИН ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР – Двајцата должни да покажат почит кон новинарите
Во својата реакција, ЗНМ ги повикува политичките партии и институциите да развиваат отворена и конструктивна комуникација со медиумите, како дел од нивната обврска за транспарентност и отчетност пред јавноста.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) испрати писмо до лидерот на политичката партија Подем, Живко Јанкулоски, со кое изразува загриженост поради непримерниот однос на неговиот син кој е заменик-министерот за финансии и член на партијата, Николче Јанкуловски, кон новинарката Анета Блажевска – дописник на „Независен“ од Битола.
Повод за реакцијата се неговите коментари на социјалните мрежи под објави од порталот „Апла.мк“, каде што со омаловажувачки тон ѝ порача на новинарката:
„Само напред, продолжи така. А за квалификации давање далеку си од професионално новинарство. Пријатно.“
ЗНМ оценува дека ваквиот однос кон новинари и медиуми е недозволив, особено кога доаѓа од јавни функционери. Организацијата потсетува дека почитувањето на новинарите и нивната работа е суштински дел од демократското општество и дека секој обид за нивно деградирање ја поткопува довербата во институциите.
Во својата реакција, ЗНМ ги повикува политичките партии и институциите да развиваат отворена и конструктивна комуникација со медиумите, како дел од нивната обврска за транспарентност и отчетност пред јавноста.


