ТАРАВАРИ НА ЧЕКОР ОД ИЗЛЕЗ ОД ВЛАДАТА Дали е на повидок раскол во АА

Дел од членовите на АА не се согласуваат со ставовите на Таравари, а ситуацијата може да доведе до целосно напуштање на Владата од неговото крило.

ТАРАВАРИ НА ЧЕКОР ОД ИЗЛЕЗ ОД ВЛАДАТА Дали е на повидок раскол во АА

Коалициските партнери „Вреди“ и „ЗНАМ“ испратија јасни пораки дека крилото на АА предводено од Арбен Таравари нема место во Владата доколку се зближи со ДУИ.

Иако ВМРО-ДПМНЕ сè уште не излегува со конечен став, предупредувањата се сè поостри. Таравари негира ниту потврдува договор со ДУИ, но неговите чекори, како формирањето изборен штаб во Гостивар, укажуваат на самостоен настап на локалните избори.

Лидерите Билал Касами и Максим Димитриевски нагласија дека нема да прифатат партнери што соработуваат со ДУИ, додека од СДСМ оценија дека Владата е нестабилна и блиску до распад.

Дел од членовите на АА не се согласуваат со ставовите на Таравари, а ситуацијата може да доведе до целосно напуштање на Владата од неговото крило.

На одлуката на Таравари вчера со реакција се јави неговиот сопартиец и министер Арбен Фетаи:

„Верувам дека Алијанса за Албанците ќе остане верна на својот пат – патот на Арбри, на достоинство и храброст. И верувам дека, со заедничка волја, можеме да ја најдеме формулата за ослободување на секоја албанска општина од лошото владеење на ДУИ“, напиша на фејсбук Фетаи.

Оваа негова изјава индиректно најавува дека е можно и пратеници на АА да не го следат патот на Таравари и да останат дел од коалицијата Вреди.

CATEGORIES
Share This