ТАЈНИ ПЛАНОВИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ВЛАСТ НА АСАД ВО СИРИЈА Поранешни негови соработници собираат армија од 50.000 луѓе

Генералот Камал Хасан и милијардерот Рами Маклуф водат паралелни иницијативи за создавање вооружени формации.

ТАЈНИ ПЛАНОВИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ВЛАСТ НА АСАД ВО СИРИЈА Поранешни негови соработници собираат армија од 50.000 луѓе
Фото: Принтскрин

Според најновото истражување на Ројтерс, поранешни блиски соработници на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, кои ја напуштиле земјата по падот на неговиот режим, тајно инвестираат значителни средства во создавање на вооружени формации.

Генералот Камал Хасан и милијардерот Рами Маклуф, според медиумите, водат паралелни иницијативи за собирање десетици илјади потенцијални борци. Целта е да се зголеми влијанието врз сегашната влада и да се врати политичката моќ на нивниот круг. Се шпекулира дека овие моќни ликови блиски до Асад имаат бројка од армија од 50.000 луѓе.

Инаку, Башар ал-Асад беше соборен од власт минатата година од страна на бунтовничките групи под водство на сегашниот претседател на Сирија Ахмад ал-Шара. Асад беше сојузник на Русија, а интервенцијата на Москва во негова поддршка пред една деценија го промени текот на граѓанската војна во Сирија, задржувајќи го на власт до неговото брзо заминување лани во декември. Русија, која беше фокусирана на борбите во Украина и одржуваше само мал воен контингент во Сирија, не се обиде да се спротивстави на бунтовничката офанзива, но му понуди азил на Асад откако тој избега од земјата.

CATEGORIES
Share This