ТАЈНА ПРЕПИСКА – Што си пишувале Трамп и Епштајн за Меланија

Новообјавените документи содржат електронска преписка меѓу Доналд Трамп и Џефри Епштајн, во која се споменува и Меланија Трамп

ТАЈНА ПРЕПИСКА – Што си пишувале Трамп и Епштајн за Меланија
Фото: Принтскрин

Нова серија документи објавени од Министерството за правда на САД откриваат детали од електронската преписка меѓу Доналд Трамп и Џефри Епштајн, во која се споменува и неговата сопруга Меланија Трамп.

Според британскиот таблоид Дејли меил, Епштајн во една од пораките тврдел дека Трамп ја нарекол Меланија „добра приказна“ кратко по нивната прва средба.

Една од понеобичните е-пошти во новообјавените документи датира од 9 ноември 2016 година, ден по претседателските избори во САД, на кои победи Трамп. Во пораката, испратена до неидентификуван пријател, Епштајн ја изразува својата збунетост поради изборниот пораз на Хилари Клинтон.

„Едноставно не можам да поверувам во оваа победа. Никој не ја предвиде, сите мислевме дека таа ќе победи“, напишал Епштајн.

Тој потоа додал:

„Се сеќавам дека се вратив со Доналд во неговиот авион првиот викенд кога ве посетив во Флорида. Тоа беше истиот викенд кога тој се запозна со Меланија, и постојано излегуваше од спалната соба велејќи: ‘Вау, каква добра приказна’.“

Според документите, името на Доналд Трамп се споменува повеќе од 3.200 пати во новите досиеја, што дополнително ја зголемува јавната и медиумската заинтересираност за содржината на објавената преписка.

CATEGORIES
Share This