СВР СТРУМИЦА СООПШТИ ДЕКА МОМЧЕ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ ГЕВГЕЛИЈА Излетало од својот автомобил што го управувал
Во соопштението се наведува дека момчето починало на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар на Итната медицинска помош.

Деветнаесетгодишно момче од село Миравци, загина утрово околу 4 часот во сообраќајна несреќа кога со автомобил „бмв“, што го управувало, излетало од коловозот на регионалниот пат меѓу селата Миравци и Давидово, во близина на Гевгелија, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Струмица.
Бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР – Гевгелија. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
CATEGORIES Македонија

