СВЕТСКИ ДЕН НА ТЕАТАРОТ – „Сомнително лице“ во Битола со 50% попуст
Легендарната комедија „Сомнително лице“ на Нушиќ на сцената на Битолскиот театар

На 27 март, по повод Светскиот ден на театарот, Битолскиот театар ви ја подарува легендарната комедија „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Деан Дамјановски.
Во светот на Нушиќ, шпионирањето, недовербата, лицемерието и корупцијата се дел од секојдневието и фарсата станува реалност, а гротеската ја открива вистината за луѓето околу нас. Како што истакнува режисерот:
„Нашата претстава е современа ‘нушиќијада’, огледало во кое светот и луѓето се претставени токму такви какви што се.“
Главната улога ја игра Марјан Ѓорѓиевски, а на сцената ќе ги гледате и Валентина Грамосли, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Филип Мирчевски, Петар Спировски, Борче Ѓаковски, Никола Стефанов, Александар Копања, Александар Стефановски, Васко Мавровски и Сандра Грибовска.
Сценографијата и дизајнот на плакатот се потпишани од Филип Јовановски, костимите од Андреј Папаз Ѓоргиевски, а музиката е на Марјан Неќак.
Влезници со 50% попуст и само 100 денари! Местата се ограничени, резервирајте го вашиот билет и прославете го Светскиот ден на театарот со смеа, аплауз и полна сала!


