СВЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ПРЕД ФИНАНСИСКИ КОЛАПС – Само САД должат над 4 милијарди евра на ОН

Генералното собрание на ОН ја повикува Америка да ги подмири долговите.

СВЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ПРЕД ФИНАНСИСКИ КОЛАПС – Само САД должат над 4 милијарди евра на ОН
Фото: Принтскрин

САД должат околу четири милијарди евра на Обединетите нации за членарина. Од овој износ, Вашингтон досега платил само 160 милиони евра, што е помалку од пет проценти од вкупниот долг.

Поради ова, претседателката на Генералното собрание на ОН, Аналена Бербок, ги повика САД целосно да ги подмирaт своите обврски.

„Секоја земја-членка мора да го плати својот придонес целосно и навремено, а 160 милиони долари очигледно не го исполнуваат целиот долг“, истакна Бербок на прес-конференција во Женева.

ОН претходно соопштија дека САД платиле само мал дел од вкупниот долг, а генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди дека организацијата се соочува со „неизбежен финансиски колапс поради неплатени членарини“.

На прашањето дали неодамнешното формирање на Комитетот за мир од страна на американскиот претседател Доналд Трамп може да ја маргинализира улогата на ОН, Бербок рече дека Комитетот за мир ќе биде поддржан од ОН само во контекст на Газа.

„За сите други прашања поврзани со мир и безбедност, постои легитимна меѓународна институција – Обединетите нации“, нагласи таа.

CATEGORIES
Share This