СВЕТОТ ВО СТРАВ – Трамп молчи за деталите, што се случува зад сцената
Белата куќа најавува одговор за предлогот за примирје, додека тензиите со Иран растат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави се наоѓаат во „жестоки преговори“ поврзани со кризата со Иран, но одби да открие повеќе детали.
Во кратко телефонско интервју за Fox News, Трамп нагласи дека не може да зборува подетално за разговорите во тек.
„Не можам да ви кажам, бидејќи моментално сме во жестоки преговори“, изјави тој.
Во меѓувреме, Трамп посочи дека наскоро ќе биде целосно информиран за предлогот за двонеделно примирје, кој го иницираше пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. Предлогот има за цел да овозможи продолжување на дипломатските разговори меѓу САД и Иран.
Од Белата куќа потврдија дека претседателот е запознаен со иницијативата и најавија дека одговор ќе следи наскоро.
Портпаролката Каролин Ливит изјави за CNN дека администрацијата внимателно го разгледува предлогот.
Во меѓувреме, Трамп упати пофалби за пакистанскиот премиер, истакнувајќи дека станува збор за „многу почитуван човек“.
Од друга страна, Иран испрати остро предупредување дека ќе одговори „брзо и пропорционално“ доколку САД реализираат евентуален напад врз клучна инфраструктура, особено во контекст на тензиите околу Ормутски теснец.
Ситуацијата останува напната, додека меѓународната заедница со загриженост го следи развојот на настаните и можноста за понатамошна ескалација.
