СВЕТОТ БЕЗ ЧОКОЛАДА Како климатските промени се закануваат на иднината на чоколадото

Климатските промени стануваат се поочигледни, а последиците од нив се чувствуваат и во индустријата за чоколада. Научниците предупредуваат дека до 2050 година, чоколадата како што ја знаеме би можела да исчезне, поради екстремните временски услови кои го загрозуваат производството на какао.
Најголемиот дел од какаото, околу 60%, потекнува од западна Африка, особено од земји како Брегот на Слоновата Коска и Гана. Овие региони се соочуваат со зголемени температури и нерамномерни врнежи, што доведува до значително намалување на производството. Во последните две години, производството на какао паднало дури за 40%, што резултирало со драстично зголемување на цените на чоколадата, на нивоа кои не сме ги виделе од 70-тите години на минатиот век.
Според истражувањата, главниот виновник за овој проблем не е само старењето на дрвјата или нелегалното рударство, туку и зголемените екстремни временски услови. Научниците од Институтот за клима и одржливост при Универзитетот Харвард истакнуваат дека климатските промени ја зголемуваат интензитетот на врнежите, што дополнително ја отежнува ситуацијата за какаото.
Во потрага по решенија, научниците од Националниот универзитет во Сингапур пронајдоа алтернатива во растението рогач, кое е отпорно на климатските промени и се одгледува во Средоземјето. Рогач не само што успешно расте во суви услови, туку и бара многу помалку вода во споредба со какаото. Неговата уникатна арома, иако не е идентична со онаа на какаото, може да се подобри со помош на ензимски третмани, кои ја зголемуваат горчината и слаткоста.
Научниците веруваат дека ако се применат овие методи во поголем обем, тоа би можело значително да ја намали зависноста на индустријата од какао, а истовремено да ги направи ланците на снабдување поотпорни на климатските промени. Како што вели главниот автор на истражувањето, Манфред Ку, целта не е само да се репродуцира вкусот на какаото, туку и да се создадат разноврсни алтернативи за потрошувачите.
Со оглед на предизвиците со кои се соочува индустријата, преласкањето на издржливи култури како рогаč може да биде клучно за иднината на чоколадата и задоволството на потрошувачите.


