СВЕТЦИТЕ СЕ ШИРАТ – Папата седум нови прогласи денес
Папата ја нарече оваа церемонија „голема прослава на светоста

Папата Лав XIV денес прогласи седум нови светци, меѓу кои и омилениот венецуелски „доктор на сиромашните“ Хозе Грегорио Ернандез, пред десетици илјади верници. Со оваа канонизација, Ернандез станува првиот светец од Венецуела.
Хернандез, познат по својата посветеност на сиромашните, беше канонизиран заедно со мајката Кармен Рандилес Мартинез, основачка на венецуелски религиозен ред, на миса на плоштадот „Свети Петар“. Папата ја нарече оваа церемонија „голема прослава на светоста“, објави АП.
Според Ватикан, на мисата присуствуваа околу 70.000 луѓе. Во истата прилика, Папуа Нова Гвинеја ја доби својата прва светица – Петра То Рота, лаик кој бил убиен во затвор во 1945 година заради својата застапеност за моногамен брак во време кога се практикувала полигамија.


