„СУПЕРЛИГАТА“ СО ТУЖБА ПРОТИВ УЕФА Причината е монополот во европските клупски натпреварувања
Шпанските медиуми проценуваат дека тужбата би можела да изнесува 4–5 милијарди евра.

Компанијата „А22 Спортс Менаџмент“, која стои зад проектот Суперлига, започна законска постапка во Шпанија како подготовка за тужба од повеќе милијарди евра против УЕФА. „А22“ тврди дека УЕФА злоупотребува доминантна позиција како монопол во европските клупски натпреварувања и не ги почитува одлуките на европските судови.
Шпанските медиуми проценуваат дека тужбата би можела да изнесува 4–5 милијарди евра. Проектот на Суперлигата е повторно активиран минатата година под името Обединета лига.
CATEGORIES Фудбал


