СУПЕРКУПОТ ОДИ ВО КАТАЛОНИЈА – Барселона 3 – 2 Реал Мадрид
После возбудливото прво полувреме со 2:2, Рафиња го донесе победничкиот гол за Барселона

Во Џеда, Саудиска Арабија, се одигра ново „Ел Класико“ далеку од Шпанија, далеку од Европа, но со истиот интензитет кој го прави ова дерби легендарно. Барселона триумфираше и го подигна новиот трофеј, носејќи радост кај своите фанови и тага кај „кралеците“.
После возбудливото прво полувреме кое заврши 2:2, со головите на Рафиња, Левандовски, Виницијус и Гарсија, второто полувреме донесе помалку голови, но не и помалку драматични моменти. Клучниот погодок дојде во 73. минута – Рафиња постигна својот втор гол по асистенција на Олмо, донесувајќи водство од 3:2 за Барселона.
Во самиот финиш влезе и Мбапе, а Реал имаше неколку шанси, додека Рашфорд се обиде на другата страна, но резултатот остана 3:2. Неутралните гледачи едноставно уживаа во фантастичната фудбалска претстава која Барселона и Реал Мадрид повторно ја приредија.


