СУПЕРКУПОТ НЕ НОСИ ГОЛЕМИ ДОБИВКИ – Еве колку заработија Реал и Барселона

Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 и го освои шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија

СУПЕРКУПОТ НЕ НОСИ ГОЛЕМИ ДОБИВКИ – Еве колку заработија Реал и Барселона
Фото: Принтскрин

Фудбалерите на Барселона синоќа го совладаа Реал Мадрид со 3:2 во Саудиска Арабија и го освоија шпанскиот Суперкуп. Меѓутоа, заработката од натпреварувањето можеби не е онаква каква што навивачите очекуваа.

Навивачите веројатно мислеа дека шпанските клубови ќе заработат огромни суми за настапот во Саудиска Арабија, но вистината е поинаква. Барселона за победата во Суперкупот доби вкупно 8 милиони евра, додека Реал Мадрид заработи 7,5 милиони. Најинтересно е дека разликата помеѓу освојувачот на трофејот и финалистот што загуби е само половина милион евра и во современиот фудбал тоа е речиси „никаква“ бројка.

Вкупниот фонд за награди, што го доделува Кралската шпанска фудбалска федерација, изнесува 21,3 милиони евра. Барселона и Реал Мадрид добија по 6 милиони евра за учество, а дополнителниот бонус за победникот изнесува 2 милиони. Реал Мадрид, пак, како второпласиран тим, доби бонус од 1,5 милиони.

Иако Суперкупот можеби не е најпрестижното натпреварување во Шпанија, дуелот за трофејот секогаш носи голем престиж. Победникот, особено ако успее да го победи својот најголем ривал, ја покажува својата доминација.

CATEGORIES
Share This