СУДСКИ ЕПИЛОГ ЗА БАНДАТА СО ИНВАЛИДСКИТЕ ПЕНЗИИ За 23 лица притвор, куќен притвор и мерки на претпазливост

Сите тие се осомничени за повеќе кривични дела поврзани со злоупотреба при утврдување на услови за добивање парична помош за туѓа нега, како и за добивање инвалидска пензија.

СУДСКИ ЕПИЛОГ ЗА БАНДАТА СО ИНВАЛИДСКИТЕ ПЕНЗИИ За 23 лица притвор, куќен притвор и мерки на претпазливост

На деветмина им е определен ефективен притвор во траење од 30 дена, петмина се испратени во куќен притвор, додека на девет лица им се изречени мерки на претпазливост – обврска редовно да се јавуваат во суд или кај овластено службено лице, привремено одземање на патната исправа и забрана за нејзино издавање.

„Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кои во текот на вчерашниот ден постапуваа по предлогот на Јавниот обвинител за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против 24 лица, од кои 23 беа спроведени во судот, а едно лице сè уште не е достапно за органите на спровод, донесоа решенија за мерките: на 9 лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена, на 5 лица им определи мерка куќен притвор, а на 9 лица им определи мерки на претпазливост, односно, обврска обвинетиот да се јавува во судот или на овластено службено лице и привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова. Лицата се осомничени за повеќе кривични дела, поврзано со акцијата на ОЈО ГОКК за злоупотреби со утврдување услови за добивање парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење“ – соопшти Кривичниот суд.

Сите тие се осомничени за повеќе кривични дела поврзани со злоупотреба при утврдување на услови за добивање парична помош за туѓа нега, како и за добивање инвалидска пензија. Акцијата е спроведена од страна на ОЈО ГОКК, во соработка со надлежните институции.

Против овие решенија странките имаат право на жалба.

Од Обвинителството вчера информираа дека се извршени претреси на повеќе локации во Скопје, Велес, Тетово и Гостивар, при што беа уапсени 23 лица. Истрагата е отворена против вкупно 49 осомничени.

Според првичните информации, уапсените се дел од злосторничко здружение кое со лажна медицинска документација овозможувало стекнување на права на туѓа нега и инвалидска пензија. Меѓу нив има лекари специјалисти од различни болници, социјални работници, како и матични лекари кои се сомничат за злоупотреба на службената положба. Во случајот се инволвирани и лица кои давале или нуделе поткуп за издавање лажна документација.

CATEGORIES
Share This