СУДСКА ПЛАТА ОД КОЈА БОЛИ ГЛАВА – Еве кој е најплатениот македонски судија
За својот деветгодишен судски мандат во Стразбур, Илиевски на име плати заработи преку 3 милиони евра.

Владата на Република Македонија во март 2025 година распиша оглас за избор на нов македонски судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, но, деновиве се предомисли и го поништи огласот.
Во таков случај, функцијата продолжува да ја врши актуелниот судија Јован Илиевски, познат како баџанакот на Сашо Мијалков поранешниот директор на македонската тајна полиција иако 9-годишниот мандат на Илиевски истекува.
Мандатот на судија во Стразбур е 9 години, со месечната плата од 30.000 евра и платени сите трошоци за судијата и семејството (авионски билети, кирија за сместување, хотелски престои, приватни екскурзии во странство…Ова го прави Илиевски најплатен македонски судија.
За својот деветгодишен судски мандат во Стразбур, Илиевски на име плати заработи преку 3 милиони евра.


