СУДОТ ВО СТРАЗБУР ОТВОРИ ПОСТАПКА ПО ЖАЛБАТА НА ПОРАНЕШНАТА МИНИСТЕРСКА ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА Дали било прекршено нејзиното право на фер судење?

Јанкулоска беше осудена на четири години затвор за злоупотреба на службена должност, но беше ослободена во ноември 2023 година, една година пред истекот на казната.

СУДОТ ВО СТРАЗБУР ОТВОРИ ПОСТАПКА ПО ЖАЛБАТА НА ПОРАНЕШНАТА МИНИСТЕРСКА ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА Дали било прекршено нејзиното право на фер судење?

Европскиот суд за човекови права во Стразбур отвори постапка по жалбата на поранешната министерка Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“ околу набавката на блиндираниот мерцедес. Судот ќе оцени дали билo прекршено нејзиното право на фер судење, вклучително и користењето прислушувани разговори како докази и влијанието на судијката Добрила Кацарска. Јанкулоска вели дека ова е „мала лична сатисфакција“ по неправедната казна и штета што ја претрпела.

Премиерот Мицкоски реагираше остро, критикувајќи ги дел од судиите и Обвинителството за партиска зависност и злоупотреби, посочувајќи го токму случајот „Тенк“.

Јанкулоска беше осудена на четири години затвор за злоупотреба на службена должност, но беше ослободена во ноември 2023 година, една година пред истекот на казната.

CATEGORIES
Share This