СУДОТ ЈА ОДЛОЖИ ДЕНЕШНАТА РАСПРАВА ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ Се разболе адвокатот на Палевски
На денешното рочиште првообвинетиот Љупчо Палевски, требаше да продолжи да одговара на прашања од неговиот адвокат Јовица Страшевски

Судечкиот судија во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, ја откажа денешната расправа. На денешното рочиште првообвинетиот Љупчо Палевски, требаше да продолжи да одговара на прашања од неговиот адвокат Јовица Страшевски.
Меѓутоа, адвокатот Страшевски го известил Судот дека не може да присуствува денеска од здравствени причини. Поради тоа Судот ги отповикал наредбите за спровод од затвор на обвинетите Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, како и на Александар Ѓорчевски од куќен притвор.
Во текот на денот судот ќе извести за кога е закажано следното рочиште.
CATEGORIES Македонија


