СУДИЈАТА СТАНА ПОЛИТИЧАР – Испрати жестока политичка порака, албанскиот јазик никој нема да го чепне
Прашањето за границата меѓу право и политика повторно отворено

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, изјави дека во јавноста се создаваат неоправдани стравови околу предметот за Законот за употреба на јазиците и нагласи дека Судот нема намера да ги ограничува правата, туку да ги заштити. Тој порача дека „никој нема да го чепне албанскиот јазик“ и дека уставните права, вклучително јазичните, остануваат загарантирани.
Во однос на мислењето на Венецијанската комисија, тој рече дека треба да се чита во целост, бидејќи содржи и позитивни оценки и забелешки за примената на законот.
Костадиновски се осврна и на одлуката за платите на судиите, објаснувајќи дека нивното намалување ја нарушува судската независност, која, според него, вклучува и материјална сигурност. Тој повика на почитување на меѓународните стандарди кои не дозволуваат намалување на судиски плати.
За платите на обвинителите рече дека постапката е сè уште отворена, а за уставните судии посочи дека не треба да бидат третирани како дел од извршната и законодавната власт при утврдување на примањата.
Во однос на Колективниот договор за култура, тој информираше дека Судот покренал постапка за целокупниот договор поради сомнежи за уставност на повеќе одредби.
