СУДЕЊЕТО ЗА ПУЛС ПРОДОЛЖУВА – Родителите најавуваат протест ако не добијат токсиколошки извештаи
Недостиг на противпожарни апарати, празен хидрант и заклучена врата, нови детали за трагедијата.

Фото: Национал
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, продолжува во затворот „Идризово“.
На претходните рочишта, сведоците на Обвинителството открија сериозни пропусти како што е недостиг на противпожарни апарати, празен хидрант и заклучена помошна врата. Исто така, посочија дека Општина Кочани повеќе од десет години немала инспектор за заштита и спасување.
На саботниот „Марш за ангелите“, родителите на загинатите побараа да им бидат доставени токсиколошките анализи од обдукцијата. Доколку тоа не се случи, најавија протест пред Институтот за судска медицина.
CATEGORIES Македонија
