СУДЕЊЕ ЗА НЕСОВЕСНО ЛЕКУВАЊЕ – Продолжува процесот против поранешниот директор на Онкологија
Словенечки експерти ќе сведочат за терапиите кај 29 пациенти, додека дел од обвинетите веќе признаа вина

Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, како и против двајца други доктори, обвинети за несовесно лекување.
Фокусот на денешното рочиште се медицинските вештачења изработени од словенечки експерти по налог на Обвинителството. Тие треба да разјаснат како биле применувани терапиите кај 29 пациенти, за кои постои сомнеж дека добивале несоодветни дози или лекови без соодветна медицинска процена. Сослушувањето на словенечкиот тим е предвидено во повеќе рочишта оваа недела, што покажува обемноста на доказите.
Покрај Васев, на обвинителната клупа се и Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски. Втората обвинета, Мери Пешевска, веќе призна вина и доби условна казна. Согласно динамиката на судењето, во март се очекува да бидат сослушани и вешти лица од Србија.


