СУДБИНАТА НА ЈУВЕНТУС НА КОЦКА – УЕФА отвори истрага

СУДБИНАТА НА ЈУВЕНТУС НА КОЦКА – УЕФА отвори истрага

Јувентус се наоѓа пред сериозни предизвици откако УЕФА објави дека започнала истрага против клубот. Европската фудбалска федерација се фокусира на „бјанконерите“ поради можни прекршувања на правилата за финансиски фер плеј. Оваа постапка опфаќа периодот од сезоната 2022-23 до денес, а резултатите од истрагата се очекуваат да бидат објавени во пролетта на 2026 година.

Во соопштението од Јувентус се наведува: “На 18 септември клубот беше известен од УЕФА за започнување на постапка во врска со можно прекршување на правилото за фудбалски приходи (Правило за заработка од фудбал) за тригодишен период. Резултатот од истрагата, која ги вклучува и прогнозите за тековната и следните сезони, се очекува напролет 2026 г.”.

Според италијанските медиуми, санкциите кои клубот од Торино би можел да ги претрпи ако биде прогласен за виновен, се движат од финансиски казни до забрани за регистрација на нови играчи во европските натпревари. Сепак, од Јувентус уверуваат дека не сметаат дека можните казни ќе влијаат на функционирањето на тимот.

CATEGORIES
Share This