СУБВЕНЦИИ ЗА СТРУЈА ЗА НАД 3500 РАНЛИВИ ДОМАЌИНСТВА – огласот е отворен до септември

Над 3.500 домаќинства од ранливи категории ќе добиваат субвенција од 1.000 денари месечно за струја, во текот на 12 месеци.

СУБВЕНЦИИ ЗА СТРУЈА ЗА НАД 3500 РАНЛИВИ ДОМАЌИНСТВА – огласот е отворен до септември

Над 3.500 домаќинства од ранливи категории ќе добиваат субвенција од 1.000 денари месечно за струја, во текот на 12 месеци. Министерството за енергетика го објави јавниот оглас, кој ќе трае до почетокот на септември.

Право на поддршка имаат домаќинства со лица со тешка или длабока попреченост, потполно слепи или глуви лица, како и корисници на посебен надоместок над 26 години. Се бара приходите минатата година да не ја надминувале границата од 24.500 до 80.000 денари, зависно од бројот на членови во домаќинството.

Аплицирањето се врши со поднесување пополнет образец и потребни документи (лична карта, сметка за струја, решение за додаток, итн.) во рок од 30 дена од објавувањето.

Поддршката директно се одбива од месечната сметка за електрична енергија. Доколку се евидентираат две неплатени сметки по ред, субвенцијата може да се укине.

Со претходниот оглас беа опфатени над 400 домаќинства, а од Министерството најавуваат и нови огласи, како и субвенции за инвертер-клими пред грејната сезона.

CATEGORIES
Share This