СТУДЕНО УТРО – Сончеви интервали преку денот

Температурите утринава се движат од -12 до -3 степени, на западот ќе дува умерен ветер

СТУДЕНО УТРО – Сончеви интервали преку денот
Фото: Архива

Времето денеска (13 јануари) ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а утринските температури ќе се движат од -12 до -3 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во западните делови од земјата ќе дува умерен ветер од западен правец.

Во Скопје се очекува променливо облачно и студено време со сончеви интервали, а ќе дува слаб ветер од променлив правец.

CATEGORIES
Share This