СТУДЕНО УТРО НИЗ ЗЕМЈАВА Минус осум степени измерени во Берово

СТУДЕНО УТРО НИЗ ЗЕМЈАВА Минус осум степени измерени во Берово

Најниската температура утринава во земјава е измерена во Берово, каде термометрите покажаа -8 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минусни температури се регистрирани речиси на целата територија, а единствено на Попова Шапка температурата беше на нулата.

Во Скопје-Петровец се измерени -6 степени, додека -5 степени се регистрирани во Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип, Прилеп и Демир Капија. Температура од -4 степени е измерена во Скопје – Зајчев Рид, Тетово, Велес, Кавадарци и Виница, а -3 степени во Охрид, Претор, Куманово и Маврови Анови. Најблаго утро имале Гевгелија и Крушево, каде бил измерен -1 степен.

Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде претежно сончево, со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а повремено и силен ветер од северен правец, со брзина која на места ќе надминува 60 километри на час.

Максималните дневни температури ќе се движат од 4 до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и умерен, повремено засилен северен ветер, особено во делови од котлината. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 7 степени.

CATEGORIES
Share This