СТРУШКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК МЕРКО ПРОСЛАВИ 68-МИ РОДЕНДЕН Вработените општинари со честитка и благодарност до него што ги учел на чесна и посветена работа

Денес струшкиот градоначалник Рамиз Мерко полни 68 години. По тој повод Мерко организираше прослава на која присуствуваше целата општинска администрација. За прославата тој напиша на официјалната фејсбук-страница на Општина Струга. Таму се објавени фотографии и видо со коктелот од денешната свеченост.
Тој доби уметничка слика и роденденска торта во форма на бројот 68, колку што прославува годинии на сите им посака да живеат 100 години.
Во честитиката на Општина Струга до Мерко се вели:
Против Мерко во Основниот суд Струга се водат девет кривични постапки за разни злоупотреби и неправилности во работењето како градоначалник, меѓу кои и за злоупотреба на службената положба при набавката на општинско луксузно „ауди“ од 65.000 евра и за поставување на спомен-плоча. Мерко пред две години беше ставен на „црната листа“ на САД поради сомневања за корупција.


