СТРУГА ВО ДУХОВЕН ЗАНЕС Илјадници верници на литијата со моштите на св. Ѓорѓи
о рамки на свеченоста, за првпат со богослужбата чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан.

По повод големиот христијански празник Ѓурѓовден, денес во Струга по 16-ти пат се одржа свечена литија со моштите на свети Ѓорѓи Победоносец, во присуство на илјадници верници од сите делови на Македонија.
Моштите на светецот, кои беа донесени од манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица, беа пречекани со голема духовна радост и побожност. Во рамки на свеченоста, за првпат со богослужбата чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан.
Литијата, во која беа носени светите мошти и чудотворната икона на св. Ѓорѓи, помина низ главните улици на Струга, симболизирајќи духовно обединување и молитва за здравје, мир и благослов. Настанот беше проследен со традиционална молитва, пеење духовни песни и силни емоции кај насобраниот народ.
Свечената литија претставува еден од најзначајните духовни настани во регионот и сведоштво за длабоката вера и традиција која се негува веќе повеќе од една деценија.


