СТРУЈАТА ПОСКАПУВА – ЕВН бараше пониски, РКЕ одобри пониски зголемувања

Зголемувањето зависи од потрошувачкиот блок - најмалите трошачи плаќаат 57 денари повеќе, најголемите до 900 денари“

СТРУЈАТА ПОСКАПУВА – ЕВН бараше пониски, РКЕ одобри пониски зголемувања
Фото: Принтскрин

Од 1 јануари идната година, сметките за електрична енергија ќе се зголемат, соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Зголемувањето ќе варира од 57 денари месечно за домаќинствата што трошат во првиот блок, до 900 денари за најголемите потрошувачи во четвртиот блок.

Прв блок (до 210 kWh скапа и 277 kWh евтина тарифа): зголемување од 57 денари (2,28%), опфаќа 63,8% од домаќинствата (517.400 потрошувачи). Прв и втор блок (до 420 kWh скапа и 682 kWh евтина тарифа): зголемување од 70 денари (2,59%), опфаќа 169.000 домаќинства. Прв, втор и трет блок: зголемување од 370 денари (2,79%), опфаќа 14.000 домаќинства (1,73%). Четврти блок: зголемување од 3,22%, опфаќа 4.400 домаќинства (0,55%).

Бислимоски нагласи дека оваа одлука е конечна и дека РКЕ одлучила за пониски зголемувања отколку што побара ЕВН хоум, кој предлагал зголемувања од 7,66% до 11,86% по блокови. За евтината тарифа, предложеното зголемување било 3,96%, додека РКЕ одлучила 2,5%.

Регулаторот ја образложи одлуката како баланс помеѓу интересите на компаниите и заштитата на потрошувачите од ценовен шок, со оглед на тоа што цените треба да овозможат непречено снабдување со електрична енергија. Намалувањето на трошоците за дистрибуција за 4,96% исто така влијае на конечната цена. РКЕ останува на ставот дека месечниот надоместок од 200 денари е неопходен за да не се зголемат дополнително цените на блоковите.

CATEGORIES
Share This