СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ СРБИЈА И ТУРЦИЈА – Вучиќ и Ердоган на разговори во Анкара

Србија се позиционира како сигурен и одговорен партнер на глобално и регионално ниво.

СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ СРБИЈА И ТУРЦИЈА – Вучиќ и Ердоган на разговори во Анкара
Фото: Социјални мрежи

Денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ остварува средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во Претседателската палата во Анкара.

„Денес, во Претседателската палата ме очекува низа разговори кои се од стратешко значење за односите меѓу нашите земји. Србија и Турција имаат развиени политички односи, интензивна економска соработка и силен инвестициски циклус, особено во инфраструктурата, енергетиката, земјоделството и туризмот“.

Очекувам дека ќе ја унапредиме трговската размена, ќе создадеме услови за нови инвестиции од турски компании во Србија и ќе поттикнеме поголемо присуство на српските бизнисмени на турскиот пазар.

Посебно внимание ќе посветиме на регионалната стабилност, зачувувањето на мирот во Западен Балкан и координацијата на меѓународните форуми, особено во светлината на актуелните геополитички предизвици.

Суштинско е Србија да гради односи со важни регионални и глобални партнери врз принципите на меѓусебно почитување и конкретни придобивки за нашите граѓани.

Верувам дека денешните разговори ќе дадат нов импулс на стратешкото партнерство со Турција и ќе ја потврдат улогата на Србија како сигурен и одговорен партнер во регионот и пошироко“, изјави Вучиќ.

CATEGORIES
Share This