СТРАОТНА АВТОБУСКА НЕСРЕЌА ВО ХРВАТСКА Две лица починаа, 31 повредено

Несреќата се случила помеѓу 82 и 83 километар од автопатот, во правец од југ кон север, при што учествувал автобус со босански национални ознаки.

СТРАОТНА АВТОБУСКА НЕСРЕЌА ВО ХРВАТСКА Две лица починаа, 31 повредено

Две лица загинаа, а уште 31 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 03:10 часот на автопатот А3, помеѓу крстосниците Поповача и Криж, соопшти хрватската полиција.

Несреќата се случила помеѓу 82 и 83 километар од автопатот, во правец од југ кон север, при што учествувал автобус со босански национални ознаки. Според првичните информации, автобусот излетал од патот, при што животот го загубиле две лица, а повеќе патници се здобиле со повреди.

Полицијата информира дека сообраќајот на делницата е во прекин и се пренасочува по алтернативни државни, окружни и локални патишта. На терен се сите служби за итна интервенција, вклучително и екипи на Брзата помош, полицијата и противпожарни единици.

Портпаролката на полициската управа Сисак-Мославина, Маја Филиповиќ, за ХРТ изјави дека во тек е полициска истрага со цел утврдување на сите околности поврзани со несреќата.

Министерството за здравство утрово соопшти дека во сообраќајката се повредени 31 лице, од кои 29 се згрижени во болниците во Сисак, Загреб и Пакрац.

Причините за несреќата засега остануваат непознати, а повеќе информации се очекуваат по завршување на истрагата.

CATEGORIES
Share This