СТРАНЦИ ДОАЃААТ КАЈ НАС ЗА ГОРИВО – Еве зошто цените се пониски
Додека соседите се борат со високите цени, Македонија нуди најевтино гориво во регионот.

Македонија има најефтини горива во регионот за време на актуелната енергетска криза предизвиката од американско-израелската војна со Иран. Тоа се должи на намалувањето на ДДВ од 18% на 10%. за споредба, бензинот е за 24%, а дизелот за над 30% поевтин отколку во Србија.
Официјални цени во Македонија од 24.03.2026 изнесуваат за евросупер 95 – 86,5 ден/л, евросупер 98 – 88,5 ден/л и евродизел – 95,5 ден/л
Регионални разлики покажуваат дека во Србија евродизел е 112 ден/л, а бензинот 99 ден/л. Во Босна има големи варијации, тешка контрола на пумпите. Во Словенија постои ограничување на за приватни возачи кои можат да купат максимум 50 литри дневно, а компании и земјоделци до 200 литри. Во Црна Гора евродизел 1,57 евра, бензин 1,52-1,56 евра. Во Хрватска владата ја задржува ценовната контрола на струја и гас до крајот на септември 2026 година, поради сериозната ситуација на Блискиот Исток.
Според куповна моќ, со просечна плата, словенците можат да купат над 1.000 литри гориво, Македонците околу 630-650 литри, а Босанците помалку од 500 литри.
Глобални ризици се Ормускиот Теснец и конфликтите на Блискиот Исток кои го креваат притисокот врз цените; експерти предупредуваат дека нафта од 150 долари по барел може да предизвика рецесија.
Заклучокот е дека во регионот Македонија е вистинска „горивна оаза“, со пониски цени и стабилни мерки за заштита на граѓаните.
