СТОТИЦИ КИЛОМЕТРИ ЗА ПРАВДА И СЕЌАВАЊЕ – Стефан од Куманово тргна пеш за Крушево

Овој пат го поминува како чин на лична почит, посветен на починатиот уставобранител Игор Југ, кој беше неправедно осуден на 12 години затвор, на жртвите од трагедијата во Кочани, како и на Христијан Јандриовски.

СТОТИЦИ КИЛОМЕТРИ ЗА ПРАВДА И СЕЌАВАЊЕ – Стефан од Куманово тргна пеш за Крушево
Фото: Национал

Кумановецот Стефан Петровски е на пат да оствари исклучителен подвиг – пешки минува стотици километри од Куманово до Крушево, каде што треба да пристигне на 2 август, на големата прослава по повод Илинден. Овој пат го поминува како чин на лична почит, посветен на починатиот уставобранител Игор Југ, кој беше неправедно осуден на 12 години затвор, на жртвите од трагедијата во Кочани, како и на Христијан Јандриовски.

„Национал“ му посакува успешно и безбедно пристигнување во Крушево, на овој симболичен и значаен ден за Македонија и Македонците.

CATEGORIES
TAGS
Share This