Образовен криминал од 62 милиони евра со амин на министерката Јаневска – прв дел
Министерката јавно објави дека нема да поведе постапка за враќање финансии од оние кои добиле средства од буџетот, односно народни пари, а кои биле јасно наменети и со договор утврдени

Колумна, Национал
Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор во пензија
Петок, 30 јануари 2026 година
Министерството за образование и наука е дел од Владата на Република Македонија со јасно дефинирани надлежности. Исто така и Државниот завод за ревизија е институција со законски утврдени надлежности. Во тој правец и Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција се институции кои согласно законските надлежности се на првата линија во борбата против криминалот. Оттука, зачудува ставот на министерката Весна Јаневска да одлучува дали одредена злоупотреба со финансиски импликации врз државниот буџет ќе биде процесуирана или не?
Имено, министерката јавно објави дека нема да поведе постапка за враќање финансии од оние кои добиле средства од буџетот, односно народни пари, а кои биле јасно наменети и со договор утврдени. Со кое право министерката Јаневска се поставува над законот?
Поточно, над владеењето на правото! Дали тоа и го дозволува удобноста министерската фотелја? Таа на овој начин постапува чудно. Според мене имам впечаток како да е адвокат на оние кои со државни пари отишле во странство и повеќе не се вратиле во државата за да си го одработат тоа што се должни согласно Договорот со министерството.
Во таа адвокатска улога, министерката Јаневска ги брани со наводна невладина организација основана од нив со која градат мостови. Дали градењето на вакви мостови е предвидено во нивните договори?
Министерката промовира неказливост! Министерката промовира заштита на злоупотреба! Министерката со овој случај промовира газење на владеењето на правото од позиција член на Влада!.
Странски стипендии
На темата странски стипендии сум пишувал повеќепати, но како да нема никаков слух и интерес од надлежните институции, почнувајќи од Владата од 2012, па и владата што си замина, и понатаму Министерството за образование и наука (МОН), односно државата (ќе) плаќа за стипендии што ретко се враќаат, односно системот студентски стипендии не даваат резултати.
А по завршувањето на студиите, дипломците имаат и обврска да работат во Македонија. Овој повеќегодишен проект наиде на критики на јавноста поради перцепцијата дека студиските програми дополнително го стимулираат веќе алармантниот одлив на мозоци. Имено, општото мислење е дека стипендистите остануваат во странство по завршувањето на студиите, односно прекршуваат една од основните обврски што ги налага стипендијата.
Што покажува анализата на Независниот академски синдикат (НАкС) и на Младинскиот образовен форум (МОФ)
Од податоци од јавен карактер, добиени од МОН во ноември 2023 година, анализата на НАкС за исплатливоста од студирањето студенти на прв, втор и трет циклус студии на еден од првите сто универзитети од Шангајската листа, податоците се следни:
За периодот 2014-2017 година, од вкупно 61 добиена странска стипендија за прв циклус на студии на Природно-математичките факултети -13 стипендисти, Техничко-технолошки – 28, Медицински и здравствени – 0, Биотехнички-0, Општествени -17, Хуманистички -2.
Притоа, за 52 стипендисти има податоци од стипендирањето, додека за 9 не биле најдени соодветни траги ниту податоци на МОН. Од 61 стипендист, 11 се вратени на позиции во Република Македонија, додека 41 или 67 отсто од вкупниот број стипендисти се вработени во странство. Од предходнта анализа може да се види дека за прв циклус на студии на странските универзитети, дури 67отсто од стипендистите останале да работат во странство.
Прашање: За чии туѓи економии или јавни администрации Република Македонија развива со помош на сопствениот скромен буџет?
По завршување на прв циклус на студии (2013-2017) вработување нашле во: Велика Британија 18 (44 отсто), САД и Канада 11 (27 отсто), ЕУ 5, Швајцарија 1, Емирати 1, Албанија 1, Србија 1, Израел 1.
Што може да се види – најмногубројни се стипендистите што студирале во Велика Британија. Во Велика Британија од вкупно 35 стипендисти останале 18 (околу половина), што претставува 44 отсто што по дипломирањето нашле вработување во странство. Во САД или Канада 11 се вработени по дипломирањето, 5 во некои од земјите на Европска Унија, 4 во Швајцарија, а по 1 во државите Арапски Емирати, Албанија, Србија и Израел.
Според тоа, вкупниот износ на овие, потрошени буџетски средства само во периодот 2013 до 2017 година, може да се процени на околу 2,5 милиони евра. И, ако се има податок, дека 67 отсто од овие пари биле потрошени за стипендирање студенти што по завршувањето се вработени во странски држави и дека МОН не направило обид да ги врати средствата според пропишаните договори, тогаш се добива дека: 1,7 милиони евра биле потрошени за економски развој на туѓи држави. Истовремено, домашните студенти и академската заедница биле осиромашени за овој износ.
Во Втор циклус за стипендирање од 2010-2021 година, биле потрошени околу 6 милиони евра. Ако се има податок, дека 47 отсто од овие пари биле потрошени за стипендирање на студенти што по завршувањето се вработиле во странски држави, и дека МОН не направил обид да ги врати овие средства според пропишаниот договор, тогаш се добива, дека: 2,8 милиони евра, биле потрошени за градење хумани ресурси и економски развој на туѓи држави…
Од истражувањето „Неискористен студентски потенцијал“ на Младинскиот образовен форум (МОФ) истражување за стапките на успех на стипендиите доделени од МОН за студирање на универзитети што се рангирани на првите 100 места според Шангајската листа“, е констатирано, и според анализата, дека не е познат моменталниот статус за најголем број од стипендистите, односно тие не се вратени во државата да го исполнат својот дел од договорот. Зошто??? За оваа констатација, одговор треба да бараат одговорните од МОН.
Ве молам, состојбата е алармантна!!! Од истражувањето, младите сметаат дека процесот на селекција на стипендистите е нетранспарентен и не се доделува според заслуга, а по завршувањето на студиите, државата не обезбедила/понудила соодветно работно место во јавната администрација според стекнатата диплома. Зошто??? И за ова констатција, аргументи за издржан одговор и решение треба да дадат одговорните на МОН. И пак повторувам, состојбата е алармантна!!!
Заедничкиот содржател на истражувачите и авторите на Младинскиот образовен форум (МОФ) „Неискористен студентски потенцијал“, е дека и покрај сите пропусти, не треба да се укинат стипендиите, туку неопходно е да се модифицираат условите за користење. За ова имам повеќе прашања за одговори. Но оставам, одговорните на МОН да ги најдат!!!
Дали доделените државни стипендии одат селективно и парите одат во ветар?
Во сериозни правни држави, кога државата плаќа за стипендирање за студирање на најдобрите 100 универзитети, според Шангајската листа, кои опфаќаат не само школарина, туку и трошоци за живот и претставуваат огромна инвестиција од страна на државата, доделените финансиски стипендии треба да бидат проследени со строги услови, меѓу кои барање на примателите на стипендиите да се вратат во Македонија по завршување на студиите и да го применат своето стекнато знаење на одредени државни позиции. Зошто во Македонија не е така? МОН мора да реагира!
Што покажува истражувањето на МОФ
Младите истражувачи на МОФ истакнуваат дека „ секое ниво на образование до сега е предмет на експериментирање, но државата, стремејќи да го потикне развојот на високото образование, да го прилагоди еквилибриумот на понудата и побарувачката на пазарот на трудот, воведува атрактивна програма за стипендирање, а потоа директно да ги внесе знаењето и искуството во македонското општество. Но она што е факт со кој целосно се согласувам со истражувачите ( за тоа и сум пишувал) е дека нашето законодавство е јако на зборови (хартија), а слабо на дело, односно практично имплементирање“.
Зошто не се почитува договорот што го потпишале стипендистите за студирање, во согласност со Правилникот за доделување на стипендии на студенти во странство? Одговор и одговорност засега-нема! Но, зошто одговорните на МОН не вршат мониторинг? Кои стиденти ја користеле државната стипендија од МОН?
Како што истакнуваат авторите на проектот на МОФ, нивните сознанија се дека „приматели на стипендијата се деца на функционери, што не е во ред. Нема ништо лошо доколку студентите ја заслужуваат стипендијата, но да се даде само затоа што се лица на функционери е лошо и поразително“. Каква дискриминација. Зошто се кријат имињата и презимињата на примателите на странски стипендии. И колку меници се активирани за повраток на парични средства? Од моето истражување и добиениот одговор од МОН, ниедна меница не е активирана!!!!Катастрофа.
Што стои во Договорот што го потпишале стипендистите за студирање
Во согласност со Правилникот за видот на студентски стипендисти и доделување стипендии на студенти во странство, корисниците на стипендијата врз основа на склучен договор со МОН, со кој се уредуваат меѓусебните права и обврски меѓу давателот и корисникот на стипендијата….меѓу другото, се наведува: По завршувањето на студиите прва договорена обврска што произлегува за избраните кандидати е за секоја година поминати на студии во странство, потребно е студентите да работаат две години во Република Македонија, односно по завршувањето на студиите и враќањето во Република Македонија избраниот кандидат е должен шест месеци да биде на располагање за вработување во органите на државната управа, како и во државните високообразовни и научни установи, при што неговата работна позиција ќе биде соодветна на видот и степенот на неговите образовни квалификации.
Сепак, забележливо е дека ваквиот тек на процесот не е редовна практика во државата, односно појава на тренд на неисполнување на обврските што ги налага стипендијата (невраќање во државата по завршување на студиите). Зошто одговорните на МОН не вршат мониторинг?
Колку студенти ја користеле државната стипендија од МОН?
Според младите истражувачи на Младинскиот образовен форум (МОФ) „Неискористен студентски потенцијал“, од 2012 година, заклучно со 2023 година, државата стипендирала 389 студенти, а приближно давале од 160.000 долари за еден стипендист. Поконкретно кажано: 389 студенти X160 000 илјади долари = 62.240.000 долари.
Се поставуваат многу прашања за одговор: Дали овие пари се фрлени во воздух? Зошто МОН не објавува список на државни стипендисти со име и презиме? Дали овие 62 милиони долари, би било покорисно и би имало поголем ефект, да се вложувале во науката и истражувањето во Македонија? Има и други прашања за одговор. И тоа: Влада да направи целосна ревизија во МОН за досегашната работа на МОН, во доделувањето на стипендии од прв, втор и трет циклус на студии во странство!!!.
Веднаш да се стопира новиот Конкурс за доделување стипендии за академските студии од прв циклус во странство за академската година? (Ова не се направи. Зошто?) Има индиции и сомнеж за криминал и корупција, од извршени констатации и анализи. Мора да има одговорност!!!.
Зошто одговорните на МОН не вршат мониторинг?
Со право младите истражувачи на МОФ истакнуваат дека има нетранспарентност при процесот на распределба на стипендии, дека комуникацијата со корисниците на стипендијантите е ненавремена, понудите за работа не се соодветни и има потреба од ревизија на начинот на кој моментално се имплементира.
Значајните пропусти во имплементацијата на стипендиите, податоците на МОН и искажаните искуства на бивши стипендисти говорат ( од исказите на истражувачите) за недоволна и несодветна евиденција што се води за стипендистите, недоволен мониторинг, односно наблудување, следење, проследување во процесот на студирање, како и слаби напори да се обезбедат соодветни работни места, што одговараат на квалификациите стекнати од студентите.
Го поставувам прашањето до одговорните на МОН: Дали има образовен криминал и корупција? Сомнежите го покажуваат тоа!!!
Кои стиденти ја користеле државната стипендија од МОН?
Како што истакнуваат авторите-истражувачи на МОФ дека: „Поразителен е фактот што приватните средни училишта имаат вработени лица задолжени за кариерно советување и тие ги насочуваат студентите кон оваа државна стипендија, што не е случај со државните училишта. Иако МОН не им доставиле од кое средно училиште доаѓаат корисниците на стипендијата, ние забележуваме дека има доста диспропорционален, односно дека повеќе од овие стипендисти се искористени од деца кои студирале во приватни средни школи“.
Чии деца се претежно приматели на државна стипендија!
Како што истакнуваат авторите на проектот на МОФ и нивните сознанија е дека: „приматели на стипендијата се деца на функционери, што не е во ред. Нема ништо лошо доколку студентите ја заслужуваат стипендијата, но да се даде само затоа што се лица на функционери е лошо и поразително“.
За ова треба да одговорат, одговорните на МОН!!! Дали е точно, сигурно не се деца од социјални случаи! Каква дискриминација. Зошто се кријат имињата и презимињата на примателите на странски стипендии. И колку меници се активирани за повраток на парични средства?
Колку студенти ја користеле државната стипендија од МОН?
Според, младите истражувачи на Младинскиот образовен форум (МОФ) „Неискористен студентски потенцијал“, од 2012 година, заклучно со 2023 година, државата стипендирала 389 студенти, а од прилика давала 160.000 илјади долари за еден стипендист.
Поконкретно кажано: 389 студенти X160 000 илјади долари = 62.240.000 долари.
Се поставуваат многу прашања за одговор: Дали овие пари се фрлени во воздух? Зошто МОН не објавува список на државни стипендисти со име и презиме?
(продолжува)

