СТИПЕ МЕСИЌ ОТКРИВА ДЕТАЛИ ЗА РАСПАДОТ НА СФРЈ – Тајна средба со германскиот министер Геншер

Првото признавање на Хрватска беше од:Исланд додека Ватикан беше втората држава што официјално ја призна новата република.

СТИПЕ МЕСИЌ ОТКРИВА ДЕТАЛИ ЗА РАСПАДОТ НА СФРЈ – Тајна средба со германскиот министер Геншер
Фото: Принтскрин

Поранешниот хрватски претседател и полседен претседател на југословенското претседателство во 1991 година, Стипе Месиќ откри дека, пред почетокот на граѓанската војна во СФРЈ, тајно се сретнал со Ханс Дитрих Геншер, тогашен германски министер за надворешни работи.

Месиќ рече дека очекувал краток 20-минутен состанок, но разговорот траел цели четири часа. Тој му објаснил на Геншер дека Југославија повеќе не може да преживее, дури ни како конфедерација, и дека ако Европа не ги признае новоформираните држави, ќе следи крвав конфликт ширум регионот. Според него, војната ќе биде брутална во Хрватска и Босна и Херцеговина, а на крајот и Србија ќе се искапе во крв.

Геншер го прашал кој би ја признал Хрватска. Месиќ почнал да набројува земји, но Геншер предложил да се оди по патот на неутралните држави од Втората светска војна. Потоа повикал телефонски и го договорил признавањето со министерот за надворешни работи на Исланд, која стана првата земја од НАТО што ја призна Хрватска. Ватикан беше втората земја што ја призна новата држава.

CATEGORIES
TAGS
Share This