СТАТИСТИКА: ВО ЈУЛИ ИНДУСТРИЈАТА СО 3,8% ПОМАЛКУ РАБОТНИЦИ – Најголемо намалување во преработувачкиот сектор

Бројот на работниците во индустријата во јули 2025 година е намален за 3,8% во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Најголем пад има во преработувачката индустрија (-4%), додека намалување е забележано и во рударството (-2,4%) и снабдувањето со електрична енергија (-0,5%).
По индустриски групи, раст има кај трајните производи за широка потрошувачка (+9,6%) и интермедијарните производи (+0,3%), а пад кај капиталните производи (-8,8%), енергијата (-1,9%) и нетрајните производи (-3,8%).
Во периодот јануари–јули 2025 бројот на работниците во индустријата е намален за 4% во однос на истиот период од 2024.
Стапката на слободни работни места во второто тримесечје изнесува 2,08%, најмногу во услужните дејности и продажбата. Југоисточниот регион има највисока стапка (2,54%), а секторот „Сместување и угостителство“ предничи со 3,77%. Најниска стапка е забележана во јавната управа и одбраната (0,36%).


