СТАРТУВАШЕ КАМПАЊАТА 0% корупција – ајде да е вистина

Кампањата ќе се спроведува преку серија промотивни видеа, активно користење на социјалните медиуми и медиумски платформи, како и со поддршка од познати јавни личности, со цел да допре до што поголем број граѓани.

СТАРТУВАШЕ КАМПАЊАТА 0% корупција – ајде да е вистина
Фото: Принтскрин јутуб

Со цел подигнување на јавната свест и охрабрување на граѓаните да преземат активна улога во борбата против корупцијата, започна новата кампања под мотото „0% корупција – Ајде да е вистина“. Кампањата е дел од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ и се реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи.

На промоцијата на иницијативата, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, истакна дека институциите силно ја поддржуваат кампањата, но посочи дека недостигот на доверба кај граѓаните во институциите е една од клучните причини зошто корупцијата често останува непријавена. Според него, оние што сепак решаваат да пријават, најчесто инсистираат на анонимност.

Антикорупцискиот експерт Мојца Кузмички, исто така присутна на настанот, порача дека главната цел на кампањата е токму враќање на довербата во институциите и мотивирање на граѓаните отворено да пријавуваат случаи на корупција.

Кампањата ќе се спроведува преку серија промотивни видеа, активно користење на социјалните медиуми и медиумски платформи, како и со поддршка од познати јавни личности, со цел да допре до што поголем број граѓани.

CATEGORIES
TAGS
Share This