СТАРТУВА ДРЖАВНИОТ ОТКУП НА ПЧЕНИЦА ЗА СТОКОВИТЕ РЕЗЕРВИ – мерка што за првпат се спроведува во Македонија
Државата ќе откупува пченица по цена од 13 денари за килограм преку млиновите ширум земјата, а земјоделците ќе може да продадат од пет до 30 тони.

Од денеска почнува државниот откуп на пченица за стоковите резерви – мерка што за првпат се спроведува во Македонија и има цел да обезбеди сигурен пласман и подобра цена за земјоделците.
Државата ќе откупува пченица по цена од 13 денари за килограм преку млиновите ширум земјата, а земјоделците ќе може да продадат од пет до 30 тони. Според потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Серафимов, оваа мерка носи повисока цена од досегашните 12 денари за прва класа, а од следната година ќе биде најавувана пред жетвата со можност за уште повисока цена.
Сепак, останува прашањето дали ова ќе биде доволно за да се врати довербата во откупниот систем и да се обезбеди одржливо производство и мотивација за младите земјоделци.
CATEGORIES Бизнис

