СТАРИТЕ ИМИЊА СО НОВА ШАНСА – Познати кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ за 25 општини
Партијата најави дека во наредните денови ќе бидат познати и останатите кандидати, вклучително и оној за градоначалник на Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги соопшти првите 25 имиња на кандидати за градоначалници за претстојните локални избори што ќе се одржат наесен. Меѓу објавените кандидати преовладуваат актуелни градоначалници, за кои од партијата велат дека имаат реализирано значајни проекти и донеле позитивни промени во своите општини.
Иако се очекуваше да биде соопштено и името на кандидатот за Скопје, тоа сè уште не е дефинирано. Како што потврдија од партијата, во игра остануваат Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода, и Златко Перински, министер за локална самоуправа.
Од партијата нагласуваат дека сите предложени кандидати имаат целосна поддршка од Извршниот комитет и се оценети како „луѓе со сила и знаење, подготвени да го променат темпото на работа во општините, особено оние водени од СДСМ“.
-
Аеродром – Дејан Митески
-
Бутел – Дарко Костовски
-
Ѓорче Петров – Александар Стојковски
-
Чучер Сандево – Зоран Пајовски
-
Штип – Иван Јорданов
-
Велес – Марко Колев
-
Свети Николе – Дејан Владев
-
Карбинци – Виктор Паунов
-
Градско – Киро Наков
-
Кавадарци – Митко Јанчев
-
Гевгелија – Андон Сарамандов
-
Зелениково – Коста Маневски
-
Илинден – Александар Ѓорѓиевски
-
Конче – Златко Ристов
-
Делчево – Иван Гоцевски
-
Ново Село – Ѓорѓи Божинов
-
Василево – Славе Андонов
-
Босилово – Ристо Манчев
-
Берово – Петар Лужински
-
Петровец – Борче Митески
-
Битола – Тони Коњановски
-
Охрид – Кирил Пецаков
-
Вевчани – Спасе Кочовски
-
Брвеница – Јовица Илиевски
-
Јегуновце – Димитар Костадиновски
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, изјави дека анкетите покажуваат значајна предност на нивните кандидати:
„Сите кандидати предложени од ВМРО-ДПМНЕ водат со 4:1, а во некои општини и со 5:1 пред кандидатите на СДСМ.“
Партијата најави дека во наредните денови ќе бидат познати и останатите кандидати, вклучително и оној за градоначалник на Скопје.


