СТАНИЌ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ Македонија подготвена за дуелите со Полска и Италија

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Горан Станиќ, го објави списокот на фудбалери кои ќе учествуваат во квалификациите за Европското првенство 2027. Македонија ќе ги започне квалификациите со натпревар против Полска на 5. септември во Краков, а на 9. септември ќе го пречека фаворитот Италија на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
На списокот на селекторот Станиќ се наоѓаат следните фудбалери:
Голмани: Васко Василев (Работнички), Љупче Џеков (Силекс), Славе Вргов (А.П. Брера).
Одбрана: Давид Даилоски (Венло, Холандија), Андрија Димески (Вождовац, Србија), Андреј Аризанкоски (А.П. Брера), Ѓорге Џеков (Силекс), Анес Мелиќи (Шкендија), Нуман Ајетовиќ (Шкендија), Меметриза Хамза (Струга Трим Лум), Џезаир Авдули (Арсими).
Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Ѓорѓи Дошев (Македонија Ѓ.П.), Адриан Зенделовски (Олимпик, Шведска), Теодор Николовски (Работнички), Мартин Ѓоргиевски (А.П. Брера), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија).
Напад: Димитар Данев (Вардар), Димитар Трајков (Полисја, Украина), Михаил Талески (Вардар), Кире Стојанов (А.П. Брера), Дашмир Елези (Работнички), Мухамед Елмас (Македонија Ѓ.П.).
„Во нашиот состав има неколку измени во однос на последниот собир и контролите против Косово. Промените ги направивме поради формата на фудбалерите. Одредени играчи го загубија местото во тимот за претстојните натпревари, но тоа не значи дека за следните предизвици нема да сметаме на нив, се разбира доколку го потврдат својот квалитет во клупските натпревари. Комплетни сме, немаме проблем со повредени фудбалери и се надевам дека така ќе остане и после викенд натпреварите. Како стручен штаб, фокусирани сме на Полска, имаме тежок гостински натпревар на отворањето на квалификациите, но верувам во нашиот тим. Имаме капацитет, но се разбира, мора сериозно да се подготвиме и максимално да го искористиме краткиот период за подготовки. Се надевам дека сите на прав начин ќе ја сфатат својата улога во тимот. За мечот со Италија ќе размислуваме откако ќе се вратиме во Македонија“, изјави Станиќ.


