СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ОБВИНУВА – Турција го дестабилизира Балканот

Претходно, турските власти соопштија дека испратиле околу илјада беспилотни летала во Косово, што Белград го смета за нарушување на Резолуцијата 1244 и на меѓународното право.

СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ОБВИНУВА – Турција го дестабилизира Балканот
Фото: Принтскрин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, реагираше на платформата „X“ поради, како што наведе, „кршењето на Повелбата на Обединетите нации и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“.

„Згрозен сум од однесувањето на Турција и од континуираното вооружување на властите во Приштина. Очигледно е дека Турција не е заинтересирана за стабилноста на Западен Балкан и сонува за обновување на Отоманското царство. Србија е мала земја, но јасно ја разбравме пораката“, напиша Вучиќ.

Потсетуваме, турските власти претходно соопштија дека испратиле околу илјада беспилотни летала во Косово, што Белград го смета за нарушување на Резолуцијата 1244 и на меѓународното право.

Имено, илјада дронови „Скајдагер“, нарачани од Турција, беа доставени во Приштина, соопшти премиерот на привремените институции на Приштина, Аљбин Курти. Според него, овие дронови првично требаше да пристигнат во јануари 2026 година, но по договор со турската компанија „Бајкар“ пристигнале три месеци порано. Курти објави фотографии од дроновите на повеќенаменски камиони на аеродромот во Приштина, нагласувајќи дека се работи за „илјадници дронови“. Приштина веќе набави турски дронови TB2 „Бајрактар“ и американски дронови „Пума“.

Според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН, КФОР е единствената вооружена сила во Косово, а документот предвидуваше и демилитаризација на таканаречената ОВК и други вооружени албански групи.

Сепак, во 2009 година, Приштина ги формираше Косовските безбедносни сили (КБС), наследник на Косовскиот заштитен корпус. Во 2018 година, без присуство на српски претставници, собранието на привремените институции го усвои законот за трансформација на КБС во армија.

CATEGORIES
Share This