СРПСКИ „НИС“ НА ПРОДАЖБА Министерката не ја открива третата страна во преговорите

Србија, како втор најголем акционер, е постојано вклучена бидејќи е клучно рафинеријата да продолжи со работа и да се обезбеди нов проток на сурова нафта преку ЈАНАФ.

СРПСКИ „НИС“ НА ПРОДАЖБА Министерката не ја открива третата страна во преговорите

Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека руските сопственици се согласиле да го продадат својот 56,15% удел во НИС и дека преговорите се во тек. Србија, како втор најголем акционер, е постојано вклучена бидејќи е клучно рафинеријата да продолжи со работа и да се обезбеди нов проток на сурова нафта преку ЈАНАФ.

Министерката не открива која е третата страна што учествува во преговорите, бидејќи станува збор за деловни договори што сè уште не се финализирани. Таа истакна дека НИС преку американски адвокати побарал продолжување на лиценцата за работа од САД, а сега се чека одлука на американската влада.

CATEGORIES
Share This