СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЈАТ СОПСТВЕНИ ФОТОВОЛТАИЦИ Потврди градоначалникот Ѓоргиевски на седница на Советот на Град Скопје

Меркава, која веќе успешно функционирала во основните училишта во Кисела Вода, има за цел да обезбеди одржливост, енергетска ефикасност и модерни услови за учениците.

СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЈАТ СОПСТВЕНИ ФОТОВОЛТАИЦИ Потврди градоначалникот Ѓоргиевски на седница на Советот на Град Скопје

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на седницата на Советот на Град Скопје потврди дека започнува целосна енергетска трансформација на образовните институции, како дел од ветувањето од неговата кампања. Сите средни училишта во Скопје ќе добијат сопствени фотоволтаични системи до крајот на неговиот мандат, што ќе донесе над 30% намалување на трошоците за електрична енергија.

Меркава, која веќе успешно функционирала во основните училишта во Кисела Вода, има за цел да обезбеди одржливост, енергетска ефикасност и модерни услови за учениците. Ѓорѓиевски истакна дека фотоволтаиците се чист и исплатлив извор на енергија, кој донесува стабилност, намалена зависност од традиционални извори и рационално управување со јавните средства, создавајќи современи и одржливи училишта за идните генерации.

CATEGORIES
Share This